(ВИДЕО) Во пештера наишол на мечка во зимски сон, погледнете ја средбата!

Шетајќи по патека во природа, авантурист налетал на пештера и решил да ѕирне во неа, каде што го дочекала необична глетка.
Како што објаснил во видеото објавено на YouTube, пештерата му го привлекла вниманието бидејќи од неа почувствувал силен мирис па се надевал дека ќе наиде на заспана мечка.


Желбата му се исполнила бидејќи внатре го пречекала мечка која спие во зимски сон.
„Ова беше неверојатно искуство“, рекол тој.
„Видов мечка во зимски сон. Леле! Се чувствувам толку живо сега, беше толку напнато. Срцето лудо ми чукаше. Беше страшно да влезам и да дознаам што има зад аголот, но… Леле!” заклучил тој воодушевено.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …