(ВИДЕО) Владимир Дојчиновски маестро за музика и палачинки!

Секогаш скромниот и едноставен Владимир Дојчиновски, еден од најуспешните македонски композитори, аранжери и продуценти, ретко говори за себе, а уште поретко за својата приватност.
Но, во едно видео на Фејсбук тој иткри уште една своја умешност – пржење и превртување палачинки…
„Абе ги вртам на мал прст, алооо…“, напиша Дојчин…
Во видеото подолу може да се види дека навистина ги врти како врвен професионален готвач, а и покрај сугестиите во коментарите дека слободно може да има уште една професија тој цврсто рече дека си останува на примарната љубов – музиката!
Погледнете како умешниот Дојчин светски пржи и превртува палачинки:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …