(ВИДЕО) Ван Аш го намачи Ѓоковиќ, кој сепак најде решение за Французинот и се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Србија

Лука Ван Аш денеска против Новак Ѓоковиќ одигра над своите можности, но српскиот тенисер успеа да направи пресврт по загубениот сет и да го победи Французинот со 2:1 пред полните трибини на централниот терен на Отвореното првенство на Србија по повеќе од два и половина час борба (6:7, 6:3, 6:2).


Во првите осум гема немаше изненадувања, Ван Аш имаше одговор на секоја идеја за првиот светски рекет, да направи брејк при резултат 4:4 и да ги изненадисите присутни. Ѓоковиќ успеа да се врати во првиот сет, имаше дури три сет топки кои не успеа да ги искористи, а победникот во воведниот дел од играта беше решен во тај-брејк, кој исто така беше крајно тензичен. Ван Аш успеа да го скрши, да врзе три бода и рано да поведе.

Сепак, во вториот сет работите си дојдоа на свое. Ѓоковиќ се чувствуваше многу подобро на теренот, веќе на стартот му го одзеде сервисот на ривалот, не ја испушти таа предност, па направи уште еден брејк кој му донесе израмнет резултат во сетови.

Третиот, решавачки сет не започна како што се надеваше еден од најдобрите тенисери во историјата, бидејќи го загуби својот сервис во првиот гем. Сепак, Ѓоковиќ се разбуди, веднаш го врати брејкот, а потоа направи и потврди за големи 4:1. Носен од големата поддршка од трибините не ја испушти предноста што ја создаде и мирно го приведе мечот кон крајот, а во тоа му помогна Ван Аш, кој видно остана без сили.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот Душан Лајовиќ – Грегор Баер.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …