(ВИДЕО) Ураганот Иан од електричните автомобили направил темпирани бомби

ГОЛЕМ број електрични возила би можеле да се запалат.
Ураганот Иан предизвика бројни проблеми на Флорида, а во тој налет настрадале и електричните возила. Имено, сите електрични возила кои биле под вода за време на ураганот и чии батерии биле натопени со вода наскоро би можеле да се запалат.
На оваа опасност преку својот профил на Твитер предупредува Џими Патронис, финансискиот директор и пожарникар на Флорида, нагласувајќи дека првите случаи веќе се случиле, а на некои и самиот бил сведок при гаснење пожари.


Тој објавил видео снимка од местото на пожарот каде пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот на Tesla Model X кој се запалил на сред улица. Еден од набљудувачите рекол дека веќе го залиле со повеќе од 5.500 литри вода, но таа сè уште чадел. Службеникот, државен пожарникар нагласува дека за гаснење пожари од батерии е потребна „специјална обука и разбирање на електричните возила“.
Според една неодамнешна студија на AutoInsuranceEZ, хибридните возила се почувствителни на пожари отколку електричните, но поголем проблем е што самиот пожар е исклучително тешко да се изгасне. Поради корозија во ќелиите на литиум-јонската батерија, електричното возило може да испушта чад и пламен долго време, дури и откако ќе биде потопено во вода.

Бидејќи Флорида има втор најголем број регистрирани електрични возила во САД (зад Калифорнија), Флорида станува свесна за проблемот. На крајот на минатата година на Флорида имало речиси 100.000 електрични возила.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …