(ВИДЕО) Трајно деформираната Линда Евангелиста се врати на модната писта


За Линда Евангелиста во последните години многу се зборуваше и пишуваше, а причина за тоа беше драстичната промена на нејзиниот изглед.
Во март оваа година, канадската манекенка објави официјална изјава во која се вели дека е „трајно обезличена“ од процедурата „Zeltik Cool Sculpting“ што го направила спротивното од ветеното“:
„Масните клетки се зголемија, а не се намалуваа, оставајќи траен деформитет, дури и по две болни, неуспешни корективни операции. Станав, како што опишуваат медиумите, непрепознатлива“, објави таа.
Сепак, Линда се врати во светот на модата и во јули стигнавме да ги видиме фотографиите наменети за модната кампања на Фенди.
Исто така, синоќа блесна на ревијата на истоимената куќа кога се појави во предимензиониран капут во боја на нане. Нејзиното спектакуларно враќање беше пропратено со аплауз.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите маченици Тимотеј и Мавра

Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа …