Драма непосредно пред смртта на кралицата – Чарлс: „Меган не е добредојдена“

Кралот Чарлс му рекол на принцот Хари да не ја носи неговата сопруга Меган Маркл во замокот Балморал, додека тој и другите членови на кралското семејство патуваат да бидат покрај кралицата Елизабета во нејзините последни моменти, пишува Daily Mail.
Како што пренесуваат британските медиуми, во пресрет на смртта на кралицата Елизабета Втора дошло до мала драма, а главни актери биле војводата и војвотката од Сасекс.
Најпрво, случајно било што Хари и Меган беа во Британија кога состојбата на кралицата се влоши, што ги поштеди од повеќечасовен лет преку Атлантикот.
Според The ​​Sun, принцот Хари бил во Фрогмор кога добил повик од неговиот татко, кралот Чарлс III, кој го замолил да не ја носи Меган во Шкотска.


„Чарлс му кажа на Хари дека не е соодветно Меган да биде во Балморал во време на голема тага“, изјавил извор за The ​​Sun.
„Нему му беше кажано дека ниту Кејт нема да оди и дека посетата ќе биде ограничена само на членовите на потесното семејство“, рекол изворот, додавајќи: „Чарлс јасно стави до знаење дека Меган не е добредојдена“.

View this post on Instagram

A post shared by Portraits of Royal Family (@reinodecambridge)



Daily Mail шпекулира што навистина се случило во оваа прилика. Додека едни тврдат дека Хари и Меган не знаеле дека и Кејт нема да биде во Балморал, па се согласиле со одлуката Меган да не оди ниту во замокот, други велат дека нејзиното присуство било буквално забрането, со аргументот дека ниту Кејт Мидлтон, нема да биде таму.
Некои медиуми објавија дека на Хари не му било дозволено да се качи во авионот кој гиодвезол Вилијам, Едвард и Ендру до Балморал, пишува Miror.


Да потсетиме дека принцот Хари не успеа да се збогува со кралицата Елизабета Втора, туку пристигна во Балморал неколку часа откако кралицата почина.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …