ЈАВНОСТ е веќе запознаена со фактот дека Јутјуберите и сите други видови влијателни личности прават многу бизарни или некултурни работи со цел да го привлечат вниманието на јавноста и медиумите, меѓутоа, најновиот потег на рускиот инфлуенсер Сергеј Косенков надминал се’.
Имено, влијателниот ги запрепастил возачите кога излегол на улица во својот Бентли, на чиј покрив ја врзал девојката.
Русинот Сергеј Косенко, исто така, ја врзал својата рака за девојката која локалните медиуми ја идентификувале како Илона. Косенко возел низ Москва во луксузна зелена металик лимузина, се’ со цел да го спроведе последниот дел во серијата таканаречени „тестови за доверба“ што парот ги снимал за потребите на социјалните мрежи.
Влијателниот подоцна го споделил видеото со своите пет милиони следбеници на социјалните мрежи. Меѓутоа, иако неговата партнерка успеала да остане фиксирана на автомобилот, имало судар со друг автомобил.
Полицијата го казнила со 750 рубли, што е еднакво на околу 5 евра.
Фото: Принтскрин/Instagram