(ВИДЕО) Тие се нови Станлио и Олио

Објавен е првиот трејлер од филмот „Станлио и Олио“, приказна за една од најдобрите и најпопуларни двојки во историјата на филмот.
„Станлио и Олио“ е биографски филм кој се бави со проштелната турнеја на легендарните глумци Стен Лорел и Оливер Харди, и ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал во Лондон кон крајот на годината.
Американското комичарско дуо популарноста ја стекнало во почетокот на дваесеттиот век благодарение на работата на филм, но и играње театарски претстави ширум Европа и Америка.
Двајцата комичари првпат заедно работеле во 1919. година на филмот „The Lucky Dog”,кој е емитуван во 1921. година. После тоа некое време снимале, одвоено, куси филмови за „Хал Роуч“ студиото во текот на 1920. ттите, а во 1926. година повторно почнале да се појавуваат заедно, а званично станале тим во 1927.
Главните улоги ги играат Стив Куган и Џон Си Рајли.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …