(ВИДЕО) ТАЖНО – ИРАНЦИТЕ ПОВЕРУВАЛЕ ВО НАРОДЕН ЛЕК ЗА КОРОНАВИРУСОТ: 27. лица починале поради труење со алкохол!

По гласините дека алкохолните пијалоци го лекуваат новиот коронавирус, во Иран, поради труење со алкохол починале 27. лица , објави во понеделникот официјалната новинска агенција Ирна.
Иран, каде во понеделникот се пријавени 237. смртни случаи, е една од најтешко погодените земји со COVID-19, после Кина и Италија.
Исламската Република Иран ја забрани продажбата и пиењето алкохол, но локалните медиуми редовно известуваат за смртни случаи како резултат на труење со алкохол од домашна изработка. Ирна изјавува дека 27. лица починале од труење со алкохол во провинцијата Хузастан, во југозападниот дел на земјата, а седум во Алборц, провинција што граничи со Техеран.


Ирна додава, дека во Ахваз, главниот град на Хузастан, повикувајќи се на локален медицински службеник, дека во болницата биле примени 218. лица поради труење. Во извештаите се вели дека починатите поверувале во „гласините дека алкохолот може да помогне во лекувањето на болестите предизвикани од коронавирусот“, веле агенцијата, цитирајќи ја изјавата на медицинскиот службеник.
Агенцијата објавила дека од коронавирус во Хузастан, починале 16 лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …