(ВИДЕО) Таткото на петорки е на удар на јавноста – Луѓето се згрозени поради начинот на кој ги шета своите деца

Татковците и нивните методи за грижа за децата секогаш привлекуваат внимание. А да се биде татко на пет деца и да се чуваат сите заедно никогаш не е лесно. Еден од нив нашол метод со кој успева да ги држи сите деца на број и блиску до себе кога одат на прошетка.

@drixxleman They don’t know the struggle! #parentsoftiktok #momsoftiktok #dadsoftiktok #foryou #fyp #dad #mom ♬ Vegas (From the Original Motion Picture Soundtrack ELVIS) – Doja Cat


Тој покажал дека ги држи своите деца на поводник кога одат на прошетка, а со тоа предизвикал бројни коментари.
Повеќето од нив биле критички, но на овој татко тоа не му пречи. Тој одговорил дека е лесно да се биде паметен на Интернет, но дека не треба да судат додека не „прошетаат километар во неговите чевли“.
„Тие се деца, тие се љубопитни. Тие можат да се изгубат во секое време. Мојата сопруга и јас користиме поводник за мир на умот. Ни овозможува да излеземе од дома и да правиме забавни работи како семејство, без стрес“, објаснил таткото за странските медиуми.
Тој се осврнал и на бројните коментари во кои го осудуваат и рекол:
„Па, кои се овие луѓе кои толку лесно судат и напаѓаат? Па, јас едвај држам едно дете, да видам паметни луѓе како ја преминуваат улицата со пет разиграни деца кои не ја разбираат опасноста“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …