(ВИДЕО) Таа е меѓу изненадувањата на 76. доделување на Златен глобус?

Синоќа во Лос Ангелес беа доделени наградите кои во Холивуд се доделуваат за најдобрите минатогодишни филмски остварувања.
Со вкупно шест номинации, филмската биографија на некогашниот потпретседател на САД, Дик чејни – филмот „Вајс“, на режисерот Адам Мекеј важеше за еден од најголемите фаворити на церемонијата.Но, наградата замина кај „Боемска рапсодија“.


Во чекор го следеше филмот „Ѕвездата е родена“ кој го режираше глумецот Бредли Купер а за кој голем број холивудски критичари се изјасниле многу поволно, предвидувајќи му освојување награда за најдобра драма.


Во категоријата странски филм еден од најголемите фаворити бил филмот на Алфонсо Куарон „Рим“, чија приказна говори за одраснувањето во Мексико и кој на крај се закити со златната статуетка.


Меѓу номинираните за најдобар филм се наоѓаше и „Black Klansman” на Спајк Ли и „Враќањето на Мери Попинс со Емили Блант во главната улога.
Во категоријата за најдобар режисер се одлучуваше помеѓу Куарон, Ли, Питер Фарели, Адам Мекеј и Бредли Купер, кој исто така беше номиниран и за главна улога во својот филм. но, златната статуетка замина кај Куарон.

Со оглед на тоа дека ова беше втора номинација, Купер се соочи со жестоката конкуренција на Рами Малек кој го глумеше Фреди мерјкури во „Боемска рапсодија“ и кај кого отиде наградата.
Холивудските медиуми шпекулираа дека можеби најголемо изненадување ќе биде Лејди Гага на која и се предвидува дека можеби би можела да освои дури две награди – една за најдобра глумица (која замина кај Глен Клоуз) и за песната во филмот „A Star is Born” за која сепак доби Златен глобус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …