Состојки:
1 литар млеко
250 г ориз
140 г шеќер
4 јајца
екстракт од ванила или ванилин шеќер
рендана кора од лимон
100 г бадеми
100 г суво грозје
120 г путер
лебни трошки
Подготовка: истурете го млекото во соодветен сад, додајте го оризот и варете 20 – 25 минути. Во посебен сад изматете ги јајцата и шеќерот, додајте екстракт од ванила или ванилин шеќер и путер. Изматете. Во смесата додајте сечкани бадеми, измешајте. Смесата со јајца додајте ја во сварениот ориз и вмешајте суво грозје, коричка од лимон.
Во намрсен и со лебни трошки наросен плех истурете ја смесата. Ставете во рерна загреана на 160. степени и печете 40. минути.
Декорирајте со омилениот џем.
(ВИДЕО) Сутлијаш на поинаков начин: Запечен како најубав колач!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.