(ВИДЕО) СТРАШНО- АЈКУЛА УБИЛА ДЕВОЈКА НА НОВ ЗЕЛАНД: Ја грабнала и повлекла во длабочина – капачите сведочеле за морбидните сцени!

Кајла Марлоу, 19-годишна девојка од Нов Зеланд, смртно настрадала во стравичен судир со голема бела ајкула која го вовлекла нејзиното тело во длабочините и и’ ги сомлела нозете.
Марлоу пливала на плажата Ваихи во четвртокот кога ја грабнала ајкула, а другите пливачи биле сведоци на грозоморни сцени додека луѓето врескале во паника.
Тетката на девојката, Кајли Франс, за медиумите изјавила дека целото семејство е во шок.
„Слушнавме за напади на ајкули, но никогаш не помислувавме дека некој што знаеме може да биде повреден. Таа беше слатка и забавна девојка, секогаш подготвена за акција и смеа”, рекла таа.


Спасувачките екипи реагирале веднаш и ја извлекле 19-годишната девојка од водата, па брзата помош веднаш пристигнала на местото и се обидела да ја оживее, но на жртвата и немало спас.
Сведокот Елиот Хол рекол дека жртвата пливала кон брановите кога почнала да вреска. Тој додал дека брзата помош ја оживувала околу 20 минути, додека нејзиното семејство се собрало околу нив.
По трагедијата, на другите капачи им било наредено да излезат од морето, а спасувачки хеликоптер слета на плажата.


Друг очевидец рекол дека ајкулите биле видени во близина и дека било прашање на време кога ќе се случи инцидентот. Локалните жители сепак истакнуваат дека не е невообичаено да се гледаат ајкули, но дека тие обично не се опасни за пливачите.
„Необично е. Илјадници луѓе пливаат тука во тоа време. Како по правило, не треба да се плашите од ајкули. Ова е трагедија”, рекла Кина Сколи, пренесува Мирор.
Откако телото на младата девојка било однесено од плажата, локалното население се собрало и и оддало почит на жртвата, оставајќи цвеќе.
Полицијата известиладека ова е прв фатален напад на ајкула во Нов Зеланд во последните осум години.
Инаку плажата Ваихи е една од најбезбедните плажи за пливање во Нов Зеланд.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …