(ВИДЕО) СРАМОТА ЗА ШТИП – Симон Трпчески морал да го прекине концертот бидејќи немало греење – „Дали градоначалникот на Штип е тука?“

„Колку професори од Музичката академија има вечерва тука, дали градоначалникот на Штип е тука, колку политичари има вечерва…или искрени вљубеници во културата се вечерва тука и покажуваат колку искрено ја сакаат културата.Сакам да им кажам дека на уметноста и културата не треба да се штеди…“, им рече меѓу другото Симон Трпчески на присутните…
По пауза од 11. години, пијанистот Симон Трпчески повторно настапи во Штип но концертот во Домот на културата „Ацо Шопов“ бил прекинат.
Причина: во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.


„Многу ми е мило што после 11 – 12 години ја делам сцената во Штип и кога дојдов денеска од една страна слушам ‘Тошеее, рефлекторо не работи’, од друга страна слушам ‘Во тоалето нема хартија’. ‘Одам, нема струја.Изгорела сијалица, отишле радијаторите’…Не ме сфаќајте погрешно, знам колку е важен овој настан, новогодишен концерт на средното музичко училиште, секоја година за штипскиот народ, а не сакам да ме сфатите како стенд – ап комичар.Колку е убаво чувството да се биде на концертот на КУД ‘Ристо Донев’, или на други аматерски групи и колку е убаво вие како публика да сте желни за ваков културен настан.Колку професори од Музичката академија има вечерва тука, дали градоначалникот на Штип е тука, колку политичари има вечерва…или искрени вљубеници во културата се вечерва тука и покажуваат колку искрено ја сакаат културата.Сакам да им кажам дека на уметноста и културата не треба да се штеди“, рече меѓу другото нашиот познат пијанист кој искрено, со публиката во Штип, ги споделил своите впечатоци од неговото доаѓање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …