(ВИДЕО) Со неверојатна реакција спречил судар при брзина од 210 км/ч

Возачот на Хонда Цивик на автопат со голема брзина дошол на неколку сантиметри од задниот дел на голфот во инцидент кој можел да има трагични последици.
Минатиот месец, Јутјуберот Морти Смит снимил видео од потрошувачката на гориво на неговиот Цивик додека бил на германски автопат. На видеото се гледа дека тој се движел со брзина до 213 км/ч по делот каде што нема ограничување на брзината, кога почнал да се доближува до редица возила од десната лента.

This image has an empty alt attribute; its file name is izbegnat-sudar.jpg


Јутјуберот првично го поминува комбето без проблем, но црниот VW Golf на десната лента почнува да преминува во крајната лева лента каде што се движи Цивикот. За само дел од секундата, колку што возачот на Хонда има на располагање да реагира, тој притиска на сопирачката со 207 km/h за да го избегне Голфот.
Хондада брзо ја губи брзината, а возачот успеал да избегне да удри во Фолксвагенот за само неколку сантиметри откако истовремено закочил и сврти во десната лента во последен можен момент.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …