(ВИДЕО) Со „Ауди“ удрила во „Ламборџини“ па ги „изгубила нервите“

Снимката од надзорната камера јасно покажува кој е виновен за несреќата.
Верувале или не, возачот на новото Ауди не го забележал Ламборџинито пред себе и удри во неговиот заден дел. Иронично, Ламборџини Авентадор има регистарска табличка Beep, алудирајќи на бизнисот со кој се бави сопственикот. Тоа е Мет Хелер, сопственик на компанијата HornBlasters, која произведува моќни сирени и се рекламира како решение за „сите мали автомобили чии возачи сакаат да се слушне нивниот глас“.
И се ќе беше во ред доколку еден од учесниците во несреќата не доживеа шок и, благо кажано, реагираше насилно. Во овој случај, тоа бил возачот на Ауди, која веднаш го нападнал Хелер. На крајот, сепак, добро е што нема повредени, а осигурувањето најверојатно ќе ја покрие видлива штета на Ламборџини.


Се на се, доволно за уште еднаш да се нагласи колку е важно возачот во сообраќајот да биде фокусиран исклучиво на возење. Ако се случи мала несреќа, обидете се да реагирате смирено. Прво помогнете им на жртвите, па дури потоа се друго доаѓа на ред.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …