(ВИДЕО) СКАНДАЛОЗНА серија „Принц“: Меган Маркл е главен лик а Кејт Мидлтон е посрамотена

Новиот цртан филм „Принцот“ на HBO Max започнува на 29. јули и ќе биде скандал!
Последниот цртан филм на ХБО Макс „Принцот“ го оцрнува кралското семејство, а ги прикажува Меган Маркл и принцот Хари во прекрасно светло.

Орландо Блум го игра принцот Хари
Орландо Блум му го позајмил гласот на принцот Хари, кој е главната sвезда на оваа серија. Кондола Рашад ќе зборува во име на Меган Маркл. Други гласови даваат и познатите sвезди Софи Тарнер (Игра на тронови) и Алан Каминг.


„Кралското семејство е прикажано ужасно“

Серијата е креирана од добро позната екипа која работеше и на „Family Guy“, а пред се писателот Гери Џанети. Тизерот е веќе објавен и сите што го гледаа беа, благо речено, во шок.


Серијата зборува за Меган Маркл и принцот Хари
Заплетот на цртаната серија е за заминувањето на принцот Хари од кралското семејство и неговиот живот со Меган Маркл.


„Принцот Хари е најсимпатичниот лик во серијата“

„Ова е најмалата палата во која сум бил“, и’ вели принцот Хари на својата сопруга Меган Маркл.
„Значи, ова е апартман“, одговара Меган Маркл.
„Да, апартман во палатата, знам. Многу мали соби во една голема палата“, повторно и вели принцот Хари.

Принцот Џорџ е претставен како разгален ѓавол
Серијата ќе има 12. епизоди и ќе започне да се прикажува на 29. јули на HBO Max. Вистина, со цртаната серија се доцни бидејќи почетокот на емитувањето е одложен поради ненадејната смрт на принцот Филип.

„Принцот Џорџ добива разгледница од неговиот чичко“

Малиот принц Џорџ, кој штотуку наполни 8. години, е главниот лик заедно со принцот Хари. Гласот му го позајмил самиот писател Џaнети, и тој е прикажан како разгалено дете. Реалноста е сосема поинаква, бидејќи сите мислат дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се строги родители.

Вилијам и Кејт
Принцот Вилијам е прикажан како мрзлив човек што батлерот во раце го носи до тоалетот. Кејт Мидлтон е потполно бледа и неважна.
„Извинете, имате ли чај што нема вкус на урина?“, го прашува принцот Џорџ батлерот.

Кралицата Елизабета и принцот Чарлс
Малиот Џорџ во серијата ќе добие разгледница од чичко Хари и тетка Меган од Лос Анџелес, и нема да изгледа воодушевен. На неговиот роденден, децата со сила ги носат со хеликоптер.
Во неколку сцени, кралицата Елизабета е прикажана како пука во вработените во Бакингемската палата.
Во цртаниот филм може да се видат и Чарлс и Камила, а освен Меган Маркл и принцот Хари, никој не е прикажан позитивно.

Фото: Принтскрин/Youtube/The Prince/Official Trailer/HBO Max

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …