(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО КАН: Познатата актерка ја гаѓала режисерката во глава, откако ја исфрлила од такт!

Таа не се ни свртела…
Актерката Џејн Фонда (86) е позната по својот фитнес режим поради кој во деветтата деценија изгледа одлично. Но, освен што воодушеви со својот младешки изглед, на овогодинешниот Кански фестивал, таа ги изненади сите со скандалозен испад.
Имено, таа на режисерката Жистин Трије и ја врачила наградата за филмот „Анатомија на еден пад“, но таа ја заборавила кога излегуваше од сцената. Актерката потоа се обидела да и го привлече вниманието, но набрзо го изгубила трпението и со наградата ја гаѓала режисерката.
Моментот, секако, го уловија камерите, а Трије изгледала како да не го ни почувствувала „ударот“. Исфрустрираната Фонда потоа истрчала по неа и бесно гестикулирала, а видеото станало вирален хит.


Сепак, некои тврдат дека целата сцена била една голема шега.
Инаку, Жистин Трије стана третата режисерка која ја добила Златната палма, а нејзиниот психотрилер „Anatomy of a Fall“ е за успешна авторка која била обвинета за убиство на нејзиниот сопруг.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …