(ВИДЕО) Сите коментираат за нејзините нозе – грешка или моден хит?

Парис Хилтон гостувала во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, а нејзиниот изглед привлекол големо внимание откако во студиото влегла со две различни чевли.
Таа на сетот се појавила во блескав краток зелен фустан, но фановите веднаш забележале еден необичен детал. Имено, Парис облекла две различни чевли! На едната нога носела едноставна беж салонла, додека на другата сличен чевел, кој бил украсен со сребрени светки.
Нејзиното „влегување“ е објавено на официјалната страница на емисијата со опис:
„Кога ќе истрчате од дома со погрешни чевли“.
Ријалити ѕвездата остави и коментар во форма на смајли кои плачат од смеење, а многумина коментирале дека овој потег ќе биде моден хит:
„Ова ќе биде нов тренд“, „Сигурна сум дека ова не беше случајно, но ако е така, нејзината самодоверба е сè”, „Кога не можете да одлучите кои чевли најмногу ви се допаѓаат”.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …