(ВИДЕО) Синот на Аки Рахимовски по повод годишнината од неговата смрт: „Залудно се борам со тагата“

Кики Рахимовски, синот на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, на својот Инстаграм профил објави емотивна порака по повод годишнината од смртта на својот татко.


„Ми недостигаш тато. Не болиш ништо помалку од порано. Можеби со време… Залудно се борам со оваа тага во мене како ветерница… Можеби со време… Спиј мирено, тато. Тука си, те чувам. Сите те чуваме. Спиј мирно“, навел тој.

View this post on Instagram

A post shared by Kiki Rahimovski (@kiki_rahimovski)


Потсетуваме, Аки почина минатата година на денешен ден на 67-годишна возраст по проблеми со работата на срцето. Само неколку дена пред неговата смрт, во болница во Загреб му биле вградени четири стента.
Како тинејџер, тој беше член на неколку музички групи како Vakuum, Blood Brothers и Torr. На почетокот на 1975 година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус и Јурица Паѓен и заедно со нив го основаат „Парни ваљак“.


Ќе остане запаметен по уникатниот глас и неповторливите изведби на хитовите „Dođi“,„Zastave“, „Pusti nek traje“, „Moja je pjesma lagana“, „Jesen u meni“, „Ljubavna”, „Neda”…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …