(ВИДЕО) ШТО ДА СЕ КАЖЕ – Меланија повторно користи двојничка: Теоретичарите на завери тврдат дека оваа снимка од Нормандија го докажува тоа!

Оние кои го следат секој чекор на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, тврдат дека првата дама користела двојничка во текот на посетата на гробовите на американските војници во Франција.
Американскиот претседател и првата дама допатувале во Франција по повод одбележувањето на 75-годишнината од Денот Д.
Како дел од нивното патување, парот ги посетил американските гробишта во Нормандија каде се погребани 9.388 американски војници кои трагично ги загубиле своите животи во текот на Втората светска војна.

Меѓутоа, некои корисници на Твитер се убедени дека Меланија користела двојничка, а тоа го потврдуваат и со снимка.
На видеото се гледа како Меланија носи букет со својот сопруг и двајцата стојат пред францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит. Потоа се гледа како таа клекнува на еден од гробовите и го положува букетот.
Но, говорот на телото, позиционирањето и самата појава на Меланија Трамп убедија некои фанови да тврдат дека тоа воопшто не е она.


“Тоа е агент на тајната служба кој се претставува како ФЛОТУС”, напишал еден.
“Кога и да ја видите да носи очила, знајте дека станува збор за двојничка”.
“Исто така можете да забележите дека Трамп е пријатен со неа како што никогаш не е со Меланија”, коментирал еден корисник на Твитер, а друг се сложил: “Плус и не ја тера да стои позади него”.
Трет коментирал: “Меланија има двојничка? Дали е тоа причината зошто француската прва дама се држи на дистанца?”.
Теоријата за двојничката за првпат се појави во октомври 2017 година кога актерката и комичарка Андреа Вагнер Бартон сподели статус во кој праша дали првата дама е заменета со жена слична на неа. Оние кои веруваат во теоријата укажуваат на разните прилики во кои првата дама користела двојничка од безбедносни причини или кога имала други обврски, но тоа никогаш не се потврдило.

Трамп дури зборувал и за ваквата завера откако повторно се појави фотографија во март, нарекувајќи ја “лажна вест”.

Екран.мк/Daily star
Foto: Screenshot

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …