(ВИДЕО) ШОК СНИМКИ ОД КИНА: На двајца лекари од Вухан корона вирусот им оставил драстични промени – Ова никој не го очекувал!

Двајца кинески лекари кои биле сериозно болни од „Ковид-19“ откриле дека кожата им потемнела откако се опоравиле од болеста.
Д-р Џи Фан (42) и Д-р. Ху Вајфенг (42) се заразиле со коронавирус во јануари додека лекувале пациенти во болницата во Вухан.
Потемнувањето на нивната кожа се должи на хормоналните нерамнотежи откако вирусот им го оштетил црниот дроб, изјавил нивниот лекар за кинеските државни медиуми.
Д-р Џи и др. Ху исто така работеле со починатиот лекар Ли Венлианг, кој првично предупредил за коронавирусот, поради што бил казнет а од инфекцијата починал на почетокот на февруари.


На двајцата лекари корона вирусот им бил дијагностициран на 18. јануари. Тие прво биле сместени во белодробната болница Вухан, а потоа двапати биле префрлувани во други болници.
Кардиологот д-р Џи го победил Ковид-19 откако лекарите го поврзале со ЕКМО-уред, на кој бил 39. дена. Тоа е уред кој ја заменува функцијата на срцето и белите дробови и пумпа кислород во крвта. Кинеската државна телевизија објавила дека Џи главно закрепнал. Може да се движи во креветот, но сепак има тешкотии да оди сам. Тој исто така признал дека е трауматизиран од оваа болест.
„Кога дојдов до свест, бев многу исплашен. Честопати имав кошмари“, рекол тој.
Тој додал дека честопати се борел со проблеми со менталното здравје но лекарите го тешеле и му давале совети.
Состојбата на др. Ху е нешто посериозна. Урологот поминал 99. дена во болнички кревет, а неговиот доктор Ли Шушенг вели дека е загрижен за менталната состојба на д-р Ху. И тој бил на ЕКМО терапија од 7. февруари до 22. март и можелповторно да зборува на 11. април. Тој сè уште е во единицата за интензивна нега.
Д-р Ли верува дека кожата на овие двајца доктори е потемнета поради одредени лекови што ги добиле на почетокот на третманот, но не прецизирал за кој лек станува збор.
Една од несаканите ефекти на овој лек е потемнувањето на кожата. Нивната боја на кожа се очекува да се врати во нормала по закрепнувањето на црниот дроб“, пренесува Daily Mail.

Екран.мк/Jutarnji list


Фото: Скриншот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …