КЦ 750: Повик за собирање фиќо-приказни

Мобилниот културен центар КЦ 750 упатува повик за собирање приказни до сите фиќољупци и фиќомани, поранешни, сегашни сопственици на фиќо, како и оние кои со фиќото се врзани со некаков спомен.

Споделете ги со нас вашите приказни, анегдоти и сеќавања, во кои главен протагонист е незаборавната Застава 750. Текстовите можете да ги испраќате на е-адресата: kulturencentar750@gmail.com, a потоа ќе бидат објавени на фејсбук страницата на КЦ 750.
Во деновите на изолација и вонредна состојба, кога КЦ 750 не може да дејствува на терен како мобилен културен центар, помогнете му да стане виртуелен музеј/архив на приказни.
* * *
КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт се обидува на неконвенционален начин да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …