(ВИДЕО) Школување од дома во кралското семејство:„Џорџ сака да ги заврши сите задачи на Шарлот – па да прават сендвичи!“

Кејт Мидлтон откри дека, како и секое семејство за време на периодот на изолација, таа наидува на проблеми за време на школувањето на децата од дом
Како и многу родители низ целиот свет, Кејт Мидлтон се соочила со мали проблеми за време на школувањето дома.
Кејт раскажала приказна од нејзиниот дом и открила како принцот Џорџ (6) и принцезата Шарлот (5) учат од дома.
“Точно е. Џорџ многу се нервира бидејќи сака да ги заврши сите задачи на Шарлот. Да се направат забавни сендвичи е многу поинтересно отколку да пишувате литературна задача”, рекла Кејт со насмевка.

Семејството, открила таа, одлично се држи во текот на овој период.
„Сигурна сум дека истото го доживувате и во вашето семејство за време на школувањето од дома“, продолжила таа.
„Тоа е предизвикувачки период, но ние сме доста добро“, додала војвотката од Кембриџ.
Како и секоја мајка, Кејт морала да најде начин да им објасни на децата зошто тие не треба да стапат во контакт со други луѓе, како и со членовите на семејството.
„Немавме многу повици преку видео, но ќе дадеме се од себе за да имаме повеќе сега. Разговараме со нашето семејство секој ден“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …