(ВИДЕО) Шинеид О’Конор:„Јас повеќе не постојам. Сакам другите да научат од моите грешки“

„Имаше соба за мачење. Станав суицидна и бев во тесно“ рекла музичарката и открила дека сака да го промени името
Кога Шинеид О’Конор (50) го објавила вознемирувачкото видео во кое моли за помош, јавноста била затекната, а многумина се прашувале како некогаш големата музичка ѕвезда стасала во таа ситуација.
Пејачката во емисијата кај доктор Фил признала дека има проблем.


„Слушај, имам проблеми. Ми треба помош. Сакам да ги дестигматизирам менталните болести. Јасно е дека имам проблем. Премногу музичари умираат. Сакам другите да научат од моите грешки“ била искрена пејачката која зборувала и за трумите кои ги доживеала во младоста откривајќи дека мајка и физички и сексуално ја злоставувала.
„Имаше соба за мачење. Уживаше во повредувањето на другите. Станав суицидна и бев во тесно“ рекла музичарката и открила дека планира да го промени името.
„Го менувам името. Шинеид О’Конор повеќе не постои. Таа личност не постои“ заклучила пејачката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …