Снимката на која актерката Ен Хатавеј танцува на хитот „Lady Marmalade“ на афтер-забавата на модната недела во Париз ги освои социјалните мрежи, а актерката покрај со танцовите потези, вниманието го привлече и со својот младешки изглед.
Обожавателите на Ен Хатавеј се воодушевени од нејзините танцови потези откако таа ила фатена како ужива на подиумот за време на афтер-забавата на Валентино за време на модната недела во Париз.
Хатавеј првенствено импресионирала со модната комбинација која ја носела за ревијата на Валентино. За таа прилика Хатавеј избрала фустанче со леопард принт со мониста со соодветни хеланки. Изгледот го комплетирала со соодветни потпетици со леопард принт.
View this post on Instagram
По модната ревија, на која Хатавеј присуствувала со нејзиниот сопруг Адам Шулман, актерката се појавила на афтер-забавата на модната куќа, каде била снимена како танцува со гостите на подиумот.
View this post on Instagram
На видеото, кое првенствено беше објавено на TikTok, Хатавеј, сè уште облечена во нејзината облека со леопард принт, може да се види како танцува и пее заедно со песната „Lady Marmalade“.
Видеото, кое оттогаш е прегледано повеќе од 16 милиони пати, наиде на стотици коментари од обожавателите кои ја фалат Хатавеј и нејзините потези.
Други ја искористија можноста да го пофалат нејзиниот изглед на модната ревија, а некои забележаа колку младо изгледа оваа 40-годишна жена.
@kerosenne Suddenly I See @Anne Hathaway #annehathaway #paris #valentino #maisonvalentino #devilwearsprada ♬ son original – Kerrosene
Фото: Принтскрин/Instagram