(ВИДЕО) Руслана со драматична порака: „Дали сакате Чернобил 2? Сите сме во опасност!“

УКРАИНСКАТА пејачка Руслана Лижичко уште еднаш им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи по повод војната во Украина. Таа сега се обрати, меѓу другите, и на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Како амбасадор на мојата земја, како победник на Евровизија, сега зборувам во име на целиот мој народ. Бараме од претседателот Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската армија ќе ја заштити Европа ако вие не заштитите нас. Донесете одлука поради безбедност на целиот свет“, порачала Руслана.

This image has an empty alt attribute; its file name is ruslana-poraka-1.png


„Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Не разбирам зошто руската и белоруската армија не напаѓаат? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде доцна“, додала таа.

Руслана објавила и на Инстаграм стори во која вели: „Дали сакате Чернобил 2?“.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Руслана, која се прослави по победата на Евровизија во 2004 година со песната Wild Dance, неодамна испрати апел до Европската унија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …