(ВИДЕО) Роквиќ во Македонија се осмелил да го отпее познатиот хит „Зајди, зајди“: „Се надевам нема да ми замерите“

Никола Роквиќ неодамна настапил во Струмица.
Добро е познато колку музички бисери роди Македонија, што на некој начин претставува дополнителен предизвик кога пејачите на терен се осмелуваат да интерпретираат нумери создадени на тој простор.
Благодарение на неговите вокални способности, Роквиќ има слобода да се испроба во ваков тип на предизвик, но овојпат го избрал „најскапиот“, познатиот „Зајди зајди“, кој го прослави покојниот Тоше.

Како тоа го направи тој покажа на својот Инстаграм профил.
„Се осмелив да ја пеам ‘Зајди зајди’ во земјата на Тоше Проески… Браќа Македонци, се надевам дека не ме обвинувате (смеа). Каква вечер во Струмица, убава. Благодарам“, напиша Никола под видеото, а аплаузите на публиката му покажале дека не погрешил.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …