ЗА ВИКЕНДОТ беше објавено дека 82-годишниот Ринго Стар откажува два концерта на својата турнеја поради болест, но не беше објавено дека болеста е ковид-19. Сега е потврдено дека поранешниот член на Битлси е позитивен на коронавирус и поради тоа мора да откаже дури шест настапи.
Познатиот музичар, исто како и многумина кои се заразиле со коронавирусот во последниот бран, развил симптоми многу пред да биде позитивен. Но, направил тестови и откако неколку пати бил негативен, а набрзо добил потврда дека е заразен.
View this post on Instagram
„Потврдено е дека Ринго Стар има корона и поради тоа турнејата ќе биде одложена додека не закрепне. Ринго се опоравува дома и се надева дека ќе се врати со настапите што е можно поскоро“, стои во соопштението со кое неговите менаџери ја информираа јавноста.
View this post on Instagram
Откажани концерти:
2. октомври, Prior Lake, MN – Mystic Lake Casino
4. октомври, Winnipeg, Manitoba – Canada Life Centre
5. октомври, Saskatoon, Saskatchewan – Sasktel Centre
6. октомври, Alberta – Enmax Centre
8. октомври, Abbotsford, BC – Abbotsford Centre
9. октомври, Penticton, BC – South Okanagon Events Centre
Фото: Принтскрин/Instagram