Распуштената руса коса и неутралната шминка беа хит, а Наташа и овој пат беше ѕвезда на вечерта.
Наташа Поли (37) синоќа присуствуваше на моден настан организиран од „Килијан“ и повторно покажа зошто важи за еден од најуспешните супермодели на денешницата.
Оваа руска манекенка, која повеќе од 60. пати се појави на насловната страница на „Вог“, се одлучи за црн топ фустан кој и беше „залепен“ за телото. Изгледот го потполни со чизми над колена, а надополни со црна бомбер јакна.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Наташа Поли е родена во Перм во 1985. година. Своето деби во светот на модата го имаше во 2004. година за Емануел Унгаро, а истата година се појави на дури 54. модни ревии во Милано, Париз, Њујорк а францускиот „Вог“ ја прогласи за најбараната манекенка од 2.000.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram