(Видео + Рецепт) Сармички од модри патлиџани: Вкус кој не се заборава

Модриот патлиџан изобилува со специфични ароми и вкусови, па на сармата ќе и дадат сосема необичен шмек…
Состојки: 2 модри патлиџани, 300 г мелено месо, 200 г кашкавал, 1 филџан (од кафе) ориз, 2 главички (средно големи) кромид, 1 јајце, пире од домати, сол, црн пипер, мајчина душица, малку шеќер
Подготовка:на малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, додајте го меленото месо. Кога месото ќе се испржи додајте обарен ориз. Додајте и малку сос од домати, оставете се’ малку да се динста и додајте зачини: сол, црн пипер, мајчина душица, суви зачини. Тргнете од ринглата и кога малку ќе се излади додајте 1 изматено јајце, измешајте.
Модрите патлиџани измијте ги и исечете на кришки, намачкајте ги со малку масло и насолете. Кришките модар патлиџан наредете ги на тава покриена со хартија за печење па во рерна загреана на 180 степени печете околу 10. минути.
Кога модрите патлиџани малку ќе се испечат завиткајте сарми, наредете ги во огноотпорна тава и полијте со сос од домати. На сармичките нафрлете рендан кашкавал па се’ ставете во рерна на уште 10. минути на 200 степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …