Манекенката Адриана Лима објавила две разголени фотографии од книгата Angels Limited Edition која ќе се продава на уметничкиот саем во Бразил, а од чија продажба сиот приход ќе биде преусмерен на фондот за спасување на Амазонија.
38. годишната убавица ветила дека, независно од продажбата на книгата и сама ќе донира пари бидејќи смета дека ситуацијата е повеќе од сериозна. Со пораките и придружните линкови објавила и две фотографии и се заблагодарила на идејата на својот пријател, фотографот Расел Џејмс.
Така манекенката се приклучила на бројните ѕвезди кои искажале загриженост за зачувување на Амазонија, на чело со Леонардо ДиКаприо и неговата фондација.