(ВИДЕО) Рецепт на денот: Полнета листеста погача од домашни кори која освојува на прв залак!

Фини и крцкави корички, полнети со фил од праз и сирење…
Ако сте сакале да направите домашна пита а не сте мајстор за тегнење кори направете пита со листести кори од стасано тесто.Потребни ви се малку состојки, а питата е создадена да се засака со првиот залак
Состојки:
Тесто:
15 г. квасец
200 мл. јогурт
100 мл. млеко
1 лажичка шеќер
2 јајца
1 жолчка
600 – 700 г. брашно
сол
Фил:
исечкан праз
лук
сол, црн пипер
сирење
Плус:
истопен маргарин
Подготовка: квасецот истопете го во млекото, додајте јајца, шеќер, јогурт, брашно и сол и замесете мазно и меко тесто. Обликувајте и оставете да отстои половина час.
Празот исечкајте го и пропржете на масло, додајте сол, црн пипер, лук.
Кога тестото ќе стаса, размесете го и поделете на 9 топчиња.
Првото топче расукајте го во големина на тавата (24 см.) и намачкајте со истопен маргарин. Ставете во намрсена тава. Расукајте ги второто и третото топче тесто, кои исто така ќе ги намачкате со истопен маргарин и ставите една врз друга. На третата кора ставете од филот и изронето сирење.
Потоа повторно расукајте три кори, намачкајте со истопен маргарин и ставете ги врз филот. На третата кора нанесете го останатиот фил и се’ покријте со три расукани и со маргарин намачкани кори. И’ третата кора намачкајте ја со маргарин и питата исечете ја на коцки. Изматете ја жолчката и намачкајте ја питата.
Оставете да стои 15. минути, малку да стасува и ставете во рерна загреана на 180. степени. Печете 40 – 45. минути.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …