Ова е навистина специјалитет…
Идеално јадење за неделен семеен ручек, или јадење кое можете да го подгревате во текот на неделата…
Состојки:
250 г. мелено месо, по избор
250 г. ориз
1 главичка кромид
1 лажица пире од домати
100 мл. црно вино
3 лажици кисела павлака
150 – 200 г. рендано жолто сирење (кашкавал)
сол, црн пипер
мајчина душица
свеж мгдонос
масло
путер
Подготовка:на масло пропржете го ситно сечканиот кромид, колку да засветли.
Тргнете го садот на страна и додајте го меленото месо, измешајте, додајте пире од домати и вратете на ринглата, на мала температура, се’ заедно да пропржете.
Додајте вино, убаво измешајте, зачинете со сол и црн пипер.
Додајте мајчина душица, и се’ уште малку пропржете, но не премногу за да не испари течноста. Тргнете на страна, додајте сечкан магдонос, покријте и оставете на страна.
Посебно сварете го оризот со малку сол и доволно вода. Оризот мора да биде со округло зрно, но може и долго зависи кој го сакате повеќе.
Кога оризот ќе биде готов огноотпорна, правоголна тава намачкајте со масло и ставете прво слој од ориз, па месо и повторно ориз.
Три лажици кисела павлака разматете со една или две лажици млеко/вода/јогурт и полијте врз оризот.
По површината изрендајте кашкавал и ставете ливчиња путер.
Ставете во рерна загреана на 200. степени и печете додека јадењето не добие златно црвена боја.
Совет: Со оглед на тоа дека може да дојде до истекување, огноотпорната тава ставете ја на плех па ставете да се пече.

(ФОТО) Алзашки лонец: Превкусно јадење од рерна, а се прави за миг!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.