Кина официјално го пушти во употреба возот кој не се движи по шини, туку по виртуелна пруга.
Претставен е во јужната провинција Хунан и долг е 32 метри, се движи со помош на електрична енергија, а може да превезе 307 патници, објавуваат тамошните медиуми.
Наместо челични тркала, возот ART (Autonomous Rapid Transit) има гумени тркала прикачени на пластичното јадро, сите се поврзани со посебно изработена технологија за управување.
Кинезите го нарекуваат „првиот паметен воз во светот“ кој нема класичен возач. Се очекува во иднина возовите да бидат целосно автоматизирани.
Полесно се движи по улица отколку автобус, а достигнува брзина од 70 километри на час.
Дизјанерите велат дека овој воз е многу поевтин од подземна железница чија изградба чини межу 400 и 700 милиони јуани, што значи меѓу 60 до 100 милиони долари.
Од друга страна, системот АРТ чини околу 15 милиони јуани т.е 2,2 милиони долари по километар и претставен е во моментот кога светските инженери настојуваат да ја модернизираат сообраќајната инфраструктура.

(ВИДЕО) Без шини: Официјално почна со работа возот кој се движи по виртуелна пруга
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.