(ВИДЕО) Решена мистеријата на џиновските кратери во Сибир

Минатата година ненадејно се појавил огромен кратер во сибирската тундра – и сега е откриено што го предизвикало неговото формирање. Тоа не е само еден кратер – тоа била 17-та дупка што се појавила на оддалечените полуострови Јамал и Гида во рускиот дел на Арктикот.
Првата дупка била забележана во 2013. година, збунувајќи ги научниците. Но, сега е откриено дека кратерите се поврзани со климатските промени. Фотографиите направени од беспилотни летала, 3Д моделирањето и вештачката интелигенција помагаат да се откријат нивните тајни.


„Последниот кратер е уникатно добро сочуван, бидејќи површинската вода сè уште не се акумулирала во него додека го истражувавме, што ни овозможи да го проучуваме додека не е допрен со распаѓањето“, рекол Евгени Кувилин, водечки научен истражувач на Институтот за наука „Сколково“ и технологија во Москва.
Тоа е исто така прв пат научниците да успеат со дрон да навлезат длабоко во кратерот – достигнувајќи од 10. до 15. метри под земјата. Нивните откритија беа објавени во списанието „Geosciences“ минатата недела.


Што откриле тие? Се чини дека причината за кратерот е метанот.


Метанот се создава во празнина во арктичкиот мраз, предизвикувајќи појава на тумба на површината. Могилата расте во големина сè додека не предизвика експлозија на мразот, а масивниот кратер е резултат на таквата експлозија. Она што сè уште е нејасно е изворот на метан.
Пермафрост – замрзната почва што е под нулата најмалку две години без прекини – е огромен природен резервоар на метан. Арктикот се затоплува двојно побрзо од глобалниот просек. Жешките лета го ослабнуваат мразот, што го олеснува излегувањето на гасот.
„Климатските промени, се разбира, влијаат на веројатноста да се појават кратери во арктичкиот вечен мраз“, рече Чувилин.


Иако овие кратери се појавија во многу ретко населен регион, тие претставуваат ризик за домородното население и инфраструктурата за нафта и гас. Дупките обично се откриваат случајно со хеликоптер – или од сточари.

Фото: Принтскрин/CNN

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …