(ВИДЕО) Рапер признал дека киднапирал, мачел и убил тројца студенти

Мексиканскиот рапер и ѕвезда на Јутјуб, Кристијан Омер Гутиерез, попознат како QBA, на полицијата и признал дека со својата банда киднапирал и убил, а потоа и уништил во киселина тела на тројца студенти.
Гутиерез признал дека киднапирал, мачел и ги убил студентите на филмски студии Саломон Аќевес Гастелеум, Даниел Дијаз и Марк Авалос,а потоа нивните тела ги фрлил во киселина.


Студентите биле киднапирани на 19. март на периферијата на Гвадалахара додека работеле на филмски проект за факултет, но на локацијата која очигледно била под надзор на нарко картелот.
Бившиот рапер вели дека примал по 3.000 пезоси неделно (159 долари) да работи за нарко картелот Халиско Нова генерација, еден од најмоќните во Мексико моментално, како и дека го уфрлил пријател пред три месеци.
Инаку Кристијан има две одвоени страници на Фејсбук – и двете имаат вкупно 140.000 следбеници, канал на Јутјуб со 125.000 следбеници и спотови со неколку милиони прегледи.


Во песните кои имаат наслови како „Смртта не се закажува“ Гутиерез пее за насилство, оружје, дроги и скоро секогаш со заканувачки тон.
Исто така неговите авторски снимки прикажуват сиромашни населби во кои повеќето малолетни момчиња се припадници на нарко картелот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …