(ВИДЕО) ПРОТЕСТ – Гола жена истрчала на црвениот тепих во Кан во знак на протест поради силувањето во Украина

Нејзините бедра беа ишарани со црвена боја, што симболизира крв…
Жена во топлес истрчала на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во знак на протест поради силувањето за кое ги обвинува руските војници за инвазијата на Украина со порака напишана на нејзиното тело.
На црвениот тепих демонстранката си го симна горниот дел од облеката и ја покажа пораката „Престанете да не силувате“ испишана на телото со боите на украинското знаме.
Нејзините бедра беа ишарани со црвена боја, што симболизира крв.
Украинските власти соопштија дека истражуваат случаи на силување извршени од руски војници за време на окупацијата на делови од земјата.


Во вторникот вечерта свеченото отворање на 75. Кански филмски фестивал беше одбележано со видео порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада.
Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по храбрите филмови и поддршката за ЛГБТ + луѓето, официјално го отвори фестивалот со филмот „Жената на Чајковски“ во конкуренција за Златната палма и рече „Не на војната!”


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …