(ВИДЕО) Пристигнува и’ последното продолжување од серијалот за Рамбо


Новото продолжување од серијалот за легендарниот рамбо, „Rambo Last Blood“, петти и последен дел од франшизата, премиерно ќе биде прикажан на 20.септември оваа година а насловната улога, секако, ја толкува Силвестер Сталоне.
Филмот го следи легендарниот Рамбо кој овојпат тргнал во Мексико за да врати киднапирана ќерка на свој пријател.На тоа патување јунакот се нашол во борба против еден од најнасилните картели во Мексико.

https://www.youtube.com/watch?v=G4nTv2AR3b8


Снимањето на филмот Сталоне првпат го најавил во 2015. година, но сериозна работа почнал дури во октомври 2018. година. За режијата на последниот Рамбо,„Rambo Last Blood“, бил задолжен Ендрју Гранберг. Сценариото на последното продолжување го напишале Сталоне и Мет Крулник.
Ивет Монреал ја толкува улогата на киднапираната девојка Габриела, додека Пас Вега ја игра Кармен Делгадо, репортерка која ја следи трговијата со дрога во Мексико и му помогнува на Рамбо.
Серхио Перес – Менцета го игра Уго Мартинез, насилниот водач на мексиканскиот картел, а во актерската екипа на последниот дел од Рамбо се и Адријан Бараса, Оскар Хаенда и Хоакин Фигера.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …