(ФОТО) Популарниот глумец спасил 6.000 деца од канџите на сексуални предатори

Кога не ја забавува публиката, Ештон Качер, се бори против сексуално злоставување на децата…
Неговата непрофитна организација идентификувала 5.894 деца кои биле жртви и 130. спасила „од ситуации во кои сексуалното насилство е снимено и дистрибуирано“.
Тоа се податоци од 2017. година. Организацијата „Thorn: Digital Defenders of Children” на која и помогнуваат цели тимови од луѓе, од полиција до адвокати, психолози и стручњаци во ИТ секторот, во 2009. година ја формирале Ештон Качер и неговата бивша сопруга Деми Мур. Тогаш се викала ДНА фондација.


„Тешко ми е да зборувам за тоа, а да не бидам емотивен. Она што е наша цел е да направиме технологија која ќе помогне да се бориме против сексуалната експлоатација на децата. Можеш да ги свртиш ракавите и да се обидеш да бидеш суперхерој така што ќе спасиш едно лице или можеш да направиш алат кој на едно лице му овозможува да сочува многу луѓе“, рекол Качер.
Глумецот во 2017. година сведочел во Сенатот и апелирал на Конгресот да ги преземе сите можни мерки за да се спречат хорорите низ кои минуваат децата и жените ширум светот.
Ги имало и оние кои на Качер му порачале да се бави со неговата основна дејност. Одговарајќи на тие прозивки раскажал приказна како видел дете старо колку неговата ќерка Вајат кое било силувано од возрасен маж. Детето имало три години.


„Видов девојче кое има години колку и моето дете, а кое го силувал Американец кој бил на секс туризам во Камбоџа. Тоа девојче било толку условено со својата средина што ја убедила дека сето тоа е игра. Бев на телефонска врска со мојот тим кој ми бараше помош бидејќи добиле повик до официјални лица кои рекле дека девојчето е сексуално злоставувано и дека видеото се раширило по дарк мрежата и дека службите тоа го гледаат веќе три години, но не можат да го најдат сторителот, па ни бараа помош. Ние сме последната линија на одбрана. Тоа е моја работа и ќе продолжам да ја работам“, рекол Качер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …