(ВИДЕО) ПРИМЕР ЗА СИТЕ ВО ЗЕМЈАТА: Претседателот прави склекови и џогира на 75. години!

Додека земјите ширум светот се борат да ги задржат граѓаните во своите домови и со тоа да престанат да шират коронавируси, претседателот на Уганда, Jовер Мусевени се обидува со нешто поразлично.
Поточно, во обид да ги охрабри Уганданците да останат дома за време на ограничувањата на движењето, овој 75-годишен лидер објавил видео од својата вежба во домот, пренесува Си-Ен-Ен.
Мусевени на својот профил на Твитер ги предупреди Уганданците да не вежбаат надвор, пишувајќи: „Ако сакате да вежбате, можете да го направите тоа во затворено“. Потоа, тој твитувал видео на коешто трча наоколу во својата канцеларија, правејќи склекови во сива тренерка, со глас кој брои до 30, во позадина.
„Не мора да вежбате на отворено. Еве мое демонстрирање за тоа како можете да вежбате во затворено и да останете безбедни“, додал тој.
Во Уганда е воведен полициски час а училиштата се затворени, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Забранети се јавни состаноци, конференции и комунални молитви.
Досега, 53. потврдени случаи на коронавирус се регистрирани во Уганда, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс и Министерството за здравство во земјата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …