(ВИДЕО) Претседателот на Украина до 2018 година беше комичар. Сценариото од серијата му се претворило во реалност…

Пред помалку од четири години, украинскиот претседател Володимир Зеленски беше еден од најпопуларните ТВ комичари во земјата. Тој израснал во проруска средина во источна Украина.
Пред неговата политичка кариера глумел во серијата „Слуга на народот“. Го толкувал ликот на наставникот по историја кој се прославува кога на интернет ќе се прошири видео во кое се навредува државниот врв. Потоа решава да се кандидира за претседател и изненадувачки победува.


Реалноста набрзо почна да се претвора во копија на серијата. Зеленски ја објави својата кандидатура на украинската телевизија „1 + 1“ на новогодишната ноќ 2019. година, нешто пред полноќ, кога гледачите ја очекуваа традиционалната порака на тогашниот претседател. Тој немал искуство во политиката.


Телевизијата „1 + 1“, која инаку го прикажува „Слуга на народот“ и други забавни содржини, „се вадела“ дека имало „техничка грешка“.
На крајот победи на претседателските избори во таа земја и го победи тогашниот претседател Петро Порошенко. Денеска 44-годишниот Зеленски освои 73. отсто од гласовите, а Порошенко само 25. отсто.

На чело на државата среде страшна војна
Зеленски сега е среде страшна војна и е цел на потенцијален атентат, пишуваат светските медиуми. Тој од својата канцеларија во Киев им се обраќа на граѓаните и на светот. „Утрово сами ја браниме нашата земја. Како и вчера, најмоќните земји во светот гледаат оддалеку“, рекол Зеленски во обраќањето до нацијата рано утринава.
Тој повторно зборуваше подоцна денеска. „Сигурен сум дека го гледате ова – сите вие, цела Европа. Но, не гледаме што точно планирате да направите во врска со тоа, како ќе се браните кога толку бавно доаѓате да и помогнете на Украина? рекол.

„Вие сте се што имаме“, ѝ порачал на украинската армија.
„Сакам да му пренесам порака на рускиот претседател, борбите се водат низ целата земја, ќе започнеме преговори и ќе спречиме луѓе да гинат“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …