Синоќа FUNK SHUI го претстави видео записот насловен „ВИУЛИЦА / СОМНЕЖИ?”.
Песната е комплетно дело на бендот, а се снимаше во студио „Подрумот” од Ангел Ќосев.
Видеото беше премиерно претставено на вчерашната промоција на новото издание на FUNK SHUI насловено „Импулс”, која се одржа во Станица 26.
Видео записот го изработи Чедо Поповски.
Фотографии: Стефан Рајхл.