(ВИДЕО) Премиерката на Исланд била прекината од земјотрес: Прекрасно реагирала!

Исландската премиерка Кетрин Јакобсдотир била прекината за време на интервјуто од земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер.
Исландската канцеларија за метеорологија објавила дека земјотресот се случил во 13:43 часот по локално време во близина на Крисувик, околу 35. километри јужно од Рејкјавик.
Засега нема извештаи за повредени или штети, но потресите накратко ја прекинале парламентарната седница во главниот град.
„Ова беше најголемиот земјотрес што некогаш сум го доживеал“, објави на Твитер министерот за финансии Бјарни Бенедиксон, со слика на срушена таванска плочка.


За време на преносот на седницата на исландската телевизија можело да се види како на неколку секунди „замрзнуваат“ пратениците, а нивната работа била прекината на четвртина час.
Хелги Храфн Гунарсон, пратеник од Пиратската партија, бил прикажан како бега од говорницата, додека говорникот Стингримур Сигфусон ги повика другите „само да седат мирни“.
Во меѓувреме, премиерката Јакобсдотир зборувала во живо на Zoom кога се случил земјотресот.
„О Боже, имаше земјотрес“, погледнала низ собата (во 13-минутно интервју) пред да додаде:
„Па, ова е Исланд, извинете за тоа“

Властите ги предупредиле жителите на западен Исланд дека може да следат повеќе земјотреси, но научниците не забележале зголемена вулканска активност во регионот. Исландската агенција за цивилна заштита соопштила дека ќе бидат извршени инспекции за да се проверат потенцијалните последици.
Вулканскиот остров Исланд е еден од најсеизмички активните во светот, иако повеќето земјотреси се мали и предизвикуваат мали штети.
Албинги – националниот парламент на Исланд – е основан во 930 година и е најстар во светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …