(ВИДЕО) Познатиот комичар и се враќа на глумата за неверојатни 70. милиони долари

Познатиот комичар и глумец Еди марфи, на радост на своите боожаватели, после 30. години се враќа на она во што е најдобар…
Во средината на осумдесеттите, Еди Марфи беше апсолутно најпопуларниот американски комичар, но кариерата и превирањата во Холивуд и во приватниот живот го оддалечија од сцената.
Актерот за враќање на малите екрани, исто така, има и многу добра причина. Netflix му понудил 70 милиони долари.
Гостувајќи во веб серијата “Comedians In Cars Getting Coffee” која ја води Џери Сајнфелд, Марфи признал дека е време за враќање.
„Знаеш дека фактот дека не работиш стенд-ап ги излудува луѓето? Свесен си за тоа?“,го прашал Сајнфелд.
https://youtu.be/9du4v9_8PRA
„Повторно ќе работам стенд – ап но се мора да биде совршено“, признал Марфи кој во својот нов комичарски настап до некаде ќе мора да го промени репертоарот. Во осумдесеттите било вообичаено да се провоцираат националните и сексуалните малцинства и жените, поради што денес би можел да има сериозни проблеми.
TMZ пренесува дека Нетфликс му понудил неверојатни 70. милиони долари за серија на стенд-ап специјали, што и не чуди знаејќи колку глумецот заработил од своите комичарски изданија.
Само филмот „Eddie Murphy Raw”, чиј буџет изнесувам осум милиони долари заработил 59,5 милиони и со тоа станал најуспешен стенд -ап филм на сите времиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …