(ВИДЕО) ПОВРЕДИТЕ НЕ МУ ПРЕЧАТ – ОВОЈ ТАТКО ИМА САМО ЕДНА ЖЕЛБА:Заробена е во урнатините, спасете ја!

Неџи Кабили е еден од преживеаните во земјотресот кој го погоди Тумане во Албанија.
Кабили има скршеници и повреди на главата, но одбил лекарска помош бидејќи има само една желба – да се пронајде неговата ќерка (21) која била затрупана во урнатините од четирикатницата во која живееле.


„Би требало да биде заробена под оние урантини каде беше затрупано детето. Јас имам повреди на главата, ме боли и цела десна страна кај ребрата. Не ми треба лек, повредите не ми пречат. Барам помош од државата, да ја пронајдат, би сакал да е жива“, рекол несреќниот татко.


Кабали (52) е спасен заедно со сопругата, додека нивната ќерка останала заробена. Мештаните со помош на полицијата и градежните фирми работат на отстранување на урнатините и се обидуваат да ги пронајдат преживеаните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …