(ВИДЕО) Последниот разговор со мајка и, пред нејзината смрт, трогнал скоро четири милиони луѓе

Роберта Татели (81) кога добила корона вирус само што се опоравила од воспалување на белите дробови, а последните зборови кои и ги упатила нејзината ќерка многумина трогнале.
Снимката од последниот разговор на својата мајка со баба и (нејзината мајка) на Тик Ток ја објавила внуката на Роберта, Франлеска Онорато, а ја лајкнале повеќе од 4. милиони луѓе.
„Поради страв од корона вирусот не можевме да ја посетиме баба па и се јавивме. Во текот на тој разговор баба беше под морфиум па не можеше да зборува, но знаевме дека не слуша“, раскажала Франческа за Buzz Feed.

@sinjinshairyballsackmy grandma got coronavirus & is on her deathbed so we said goodbye one final time since we couldnt see her irl. 💙😭


♬ original sound – sinjinshairyballsack


Ти си најдобра мајка на светот. Секогаш си била најдобра мајка. Те сакам“, и повторувала нејзината ќерка преку телефон.
„Додека ја гледав мама како зборува, ми беше тешко што не можевме да бидеме покрај неа и во живо да се простиме. Со неа била медицинска сестра и ја држела за рака додека умирала“, раскажала внуката.
Додала дека таа била многу врзана за баба и и’ дека таа и мајка и редовно ја посетувале во домот за стари лица каде била сместена. Објаснила дека видеото го објавила за да ги предупреди луѓето дека ова навистина се случува.
„Оние статистики кои ги гледате на телевизија, дел од нив може да биде и некој од вашето семејство. Останете дома за да вирусот што побрзо исчезне“, заклучила Франческа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …