Поранешниот полицаец Дерек Шовин е осуден за убиството на Џорџ Флојд, пренесуваат агенциите.
По повеќе од 10. часа размислувања, поротата донела пресуда на судењето на Дерек Шовин, прогласувајќи го поранешниот полицаец од Минеаполис виновен за убиство од втор и трет степен
Шовин бил прогласен за виновен по сите три точки од обвинението и тој пресудата ја примил мирно, без поголеми емоции.
BREAKING: Derek Chauvin found guilty on all three counts in the death of George Floyd.
Live updates: https://t.co/6nN46Fosol pic.twitter.com/w0mnC3PSqc
— ABC News (@ABC) April 20, 2021
Откако била прочитана пресудата, Шовин бил изнесен од судницата со лисици.
Пресудата ја донело жирито од 12. члена по повеќе од 10. часа разговори во текот на два дена. Заклучено е во вторникот попладне околу 14. часот по локално време. Дванаесет поротници ги разгледале сведочењата на 45. сведоци, вклучително и минувачи, полицајци и експерти, заедно со повеќечасовни видео докази.
Според американските медиуми, судницата била опкружена со барикади, а околу неа се распоредени припадници на Националната гарда.
Да потсетиме, 46-годишниот Џорџ Флојд купил кутија цигари во продавница во Јужен Минеаполис вечерта на 25. мај 2020. година, а продавачот се сомневал дека му дал фалсификувана банкнота од 20. долари и повикал полиција, бидејќи Флојд одбил да ги врати цигарите. Полицијата пристигнала и му ставила лисици на рацете, но кога се обиделе да го стават во автомобилот, тој дал отпор, а борбата завршила со тоа што Флојд бил соборен на улица. Обвинителството тврди дека полицаецот Шовин го ставил левото колено на вратот на Флојд и го држел така повеќе од девет минути. Други двајца полицајци му помогнале да го приведе, додека едниот спречил сведоците да интервенираат, додека Флојд повеќе од 20. пати рекол дека не може да дише.
Шовин е обвинет за убиство од втор степен, што значи предизвикување ненамерна смрт, максималната казна е 40. години, а неодамна беше додадено и обвинение за убиство од трет степен, што според експертите е полесно да се докаже и за кое максималната казна е 25. години според Законот на државата Минесота.
Фото: Принтскрин/Youtube