ПОЈАК ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИЛ ХРВАТСКА: Тресењето траело неколку секунди!

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала го погодила Загреб во 23.15 часот, а епицентарот бил на неколку километри од центарот на градот во Маркушевац.
Треперењето на земјата траело кратко, но силно се чувствувало во скоро сите делови на градот.
Нешто повеќе од една година по силниот земјотрес во Загреб и оној што се случи во Банија, жителите на хрватската престолнина повторно се плашат од можни нови земјотреси.
Немало паника и биле потребни скоро дваесет минути за хрватската сеизмолошка служба да извести за големината и силата на земјотресот. Првите информации хрватските медиуми ги презедоа од сеизмолошката служба на Црна Гора.


Фото: Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …