(ВИДЕО) Погледнете ја најавата за новиот Бонд: Легендарниот Астон се вратил

Првиот трејлер за новото продолжување на серијалот за Џемс Бонд ги потврдил поранешните најави дека не очекува изобилство акција, посебно онаа зад воланот.
А, таа доминантна улога ќе ја добие Астон Мартин. Освен новиот модел, најпознатиот шпион ќе го користи и легендарниот модел DB5 од 1960.ттите а тоа гарантира многу класични гаџети, па и моќни „машинки“ од фаровите. Кадрите од брканицата во овој класик заедно со Јагуар и Катерхам веќе можевте да ги видите на крајот на септември (линк).


„Време за умирање“ би требало да дојде во април, но поради проблеми при снимањето можно е малку да доцни со премиерата. Во секој случај, ова е многу веројатно последно продолжување со Даниел Крег во улогата на Џемс Бонд.
Астон Мартин и покрај се ќе остане заштитен знак, па макар во идното продолжување да „оди“ на струја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …